Изминатава ноќ беа одиграни 13 натпревари во НБА лигата во кои Голден Стејт со триумфот над ЛА Лејкерс од 112:95 обезбеди пласман во плејофот.
Вечерта ја одбележа Стеф Кари со трипл-дабл од 30 поени, 10 скока и 12 асистенции, а Кори Бруер во триумфот на Минесота над Хјустон од 112:100 имаше рекорд на кариерата од 51 поен.
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, по малата пауза на еден меч поради повреда се врати на паркетот постигнувајќи четири поениза 18 минути, на натпреварот на кој Атланта славеше против Бруклин со 93:88.
Резултати: Орландо – Вашингтон 86:96, Торонто – Њујорк 100:108, Бостон – Шарлот 106:103, Мајами – Индијана 98:86, Бруклин – Атланта 88:93, Чикаго – Детроит 106:98, Минесота – Хјутсон 112:110, Оклахома – Њу Орлеанс 116:94, Мемфис – Филаделфија 117:95, Милвоки – Кливленд 119:116, Сан Антонио – Феникс 112:104, Јута – Портланд 99:111, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 95:112.