Македонскиот кошаркар Перо Антиќ со својата Атланта, ја прекина губитничката серија во НБА лигата, Мајами ја презеде лидерската позиција на Истокот, додека Сан Антонио Спарс беше подобар од Индијана.
Атланта беше подобра од Филаделфија со 103:95. Антиќ за 21 минута на паркетот постигна само два поени. Тој мечот го заврши со погодени еден од осум шута од поле, а сето тоа дополнето и со четири скока и две асистенции. Најдобар во триумфот на Атланта беше Пол Милсап со 28 поени, а Вилијамс заврши со 22 постигнати поени.
Прв пат сезонава шампионот Мајами е на чело на Истокот. Хит го искористи поразот на Индијана и по победата над Торонто сега има скор 51-22. Одличен беше Леброн Џејмс со 32 поени, 7 скока и 8 асистенции. Бош дополни 18 поени, а Андерсон 13 поени.
Резултати: Денвер – Мемфис 92:94, Јута – Њујорк 83:92, Детроит – Милвоки 116:111, Њу Орлеанс – Сакраменто 97:102, Минесота – ЛА Клиперс 104:114, Атланта – Филаделфија 103:95, Мајами – Торонто 93:83, Шарлот – Вашингтон 100:94, Чикаго – Бостон 94:80, Индијана – Сан Антонио 77:103.