![atlanta sharlotte](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/atlanta-sharlotte.jpg?resize=277%2C182&ssl=1)
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ имаше споредна улога во победата на Атланта против Шарлот, натпревар кој домаќините го добија дури по продолжението, со резултат 117:114. Поранешниот репрезентативец помина четири минути на паркетот, а за тој краток период постигна два поена, од слободни фрлања.
Најефикасен во победничкиот тим беше Милсеп со 21 поен, а еднаков број поени постигна и Гери Нил кај Шарлот.
Ова беше последен натпревар кој Атланта го одигра во рамките на подготвителниот период.