Македонскиот кошаркар Перо Антиќ со својата Атланта славеше на последниот натпревар во регуларниот дел од НБА лига. „Јастребите” триумфираа на гостувањето против Милвоки со 111:103.Атланта како осмопласирана на Истокот во првото коло од плејофот ќе игра со првопласираниот тим на Индијана.
Антиќ на овој натпревар за помалку од 20 минути постигна 8 поени, четири скока, две асистенции и две украдени топки.
Првата пресметка од плејоф рундата меѓу Атланта и Индијана е во недела наутро.
Резултати: (последни натпревари од регуларниот дел): Орландо – Индијана 86:101, Шарлот – Чикаго 91:86 (пр), Мемфис-Далас 106:105 (пр), Милвоки – Атланта 103:111, Минесота – Јута 130:136 (пр), Њу Орлеанс – Хјустон 105:100, Оклахома Сити – Детроит 112:111, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 100:113, Бостон – Вашингтон 102:118, Кливленд – Бруклин 114:85, Мајами – Филаделфија 87:100, Њујорк – Торонто 95:92, Портланд – ЛА Клиперс 110:104, Сакраменто – Феникс 99:104, Денвер – Голден Стејт 112:116.
Прво коло од плејофот
ИСТОК
(1) Индијана – (8) Атланта
(2) Мајами – (7) Шарлот
(3) Торонто – (6) Бруклин
(4) Чикаго – (5) Вашингтон
ЗАПАД
(1) Сан Антонио – (8) Далас
(2) Оклахома сити – (7) Мемфис
(3) ЛА Клиперс – (6) Голден Стејт
(4) Хјустон – (5) Портланд