Антикорупциска бара ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292.000 евра поради нови договори во изборен период

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“. Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати.

Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.

Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра.

Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“.

-Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.

Ad