Антикорупциска бара одговорност од вицепремиерот Анѓушев бидејќи прикривал интереси

Вицепремиерот Кочо Анѓушев не се изземал иако знаел дека требало тоа да го стори и зел активно учество на владината седница на која била донесена одлуката да се укинат царините за увоз на литиумски батерии за акумулатори – дејноста на една од неговите фирми и затоа премиерот Зоран Заев треба да почне постапка за утврдување на одговорност поради прикривање на интереси одлучија Антикорупционерите по четириесетминутна дебата дали тој  е одговорен или не бидејќи има и дурги фирми во Македонија кои се бават со тој бизнис и кои исто така профитирале од укинувањето.

Претседателката на Антикорупциска кажа дека предметот има две фази и во првата укинување на царината бара фирмата „Брако“ а барањето е доставено до Стопанската комора. Тука Анѓушев писмено известува дека се иззема од постапката поради судир на интереси. Барањето нема да помине и почнува втората фаза по средбата меѓу Ангуѓшев и претставниците на полска фирма која ги извесува овие батерии. Овој пат предлагач е министерството за економија откако  тогашниот министер за финансии Драган тевдовски одби да го стори тоа и влезе во конфликт со Анѓушев.

На денешната седница се разгледуваа уште два предмети за судир на интереси, двата се однесуваа на концесии за мини-хидроцентрали а на тапет беа повторно вицепремиерот Анѓушев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски меѓутоа  антикорупционерите не најдоа било каков судир со законите.

Антикорупционерите експресно за само пет минути го затворија и предметот против Христијан Мицкоски без да најдат никаква одговорност. Тие утврдиле дека во моментот кога бил распишан тендерот за мини-хидроцентрали Мицкоски не извршувал никаква функција и затоа нема ништо спорно што концесија добила и фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ каде тој се јавува како еден од сопствениците.

Кога станува збор за предметот за Анѓушев утврдено е дека за разлика од претходниот предмет со укинувањето на царината тој сега уредно пријавил дека има приватни интереси и се изземал во целиот тек од постапката во која концесии биле доделени на фирма каде и тој фигурира како сопственик.