Ќе се поништи ли огласот за вработување на Стоматологија и дали ќе се разреши директорката?

Антикорупциската комисија денеска побара поништување на огласот за примени нововработени на Клиниката за стоматологија „Св. Пантелејмон“ од 2018 година, разрешување на директорката Амела Цана и постапка за кривична одговорност против неа за злоупотреба.

До Антикорупциска на почетокот на годинава пристигнала пријава од лице кое конкурурало на огласот и било одбиено. Софка Дојчиновска од Антикорупциска која го води овој предметот кажа дека директорката на Стоматологија не ги уверила дека при изборот на кандидати кои требало да бидат вработени се водела од објективните критериуми. Ова наведува на заклучок дека таа изборот на 8 нововработени го направила само врз основа на своето дискреционо право кое, како што потсети Дојчиновска, не треба да биде злоупотребувано. Со ваквите мерки ќе се испрати порака дека ќе се санкционираат сите огласи во кои ќе се препознае политичко влијание, велат антикорупционерите.

-Време да влеземе во студена вода и да почнеме да ги применуваме одредите кои ни ги дава законот, кажа Дојчиновска.