Горан Трпеноски од Антикорупциска комисија во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за последниот скандал поврзан со хонорарците во владата и посочи дека Владата најавуваше дека ќе биде транспрентна, а сега го сокри овој податок важен за сите граѓани.
„Не знам зошто Владата го сокри овој податок. Се најавуваше дека ова Влада ќе биде транспарентна, направи отворени финасии што е голем исчекор. Сега имаш отворени финансии каде можеш да ги видиш сите трошоци, а не даваш имиња и во јавноста се создаде впечаток дека има нешто тајно односно дека тие се користат за оцрнување дали на политичкиот противник или за фалење на Владата. Сиве овие прашања кои излегоа ние ќе ги провериме затоа што мора да се знае каде се трошат јавните пари и мора да има транспаретност и отчетност. Владата да беше транспарента и отчетна може немаше да дојде до ваков случај“, рече антикорупционерот.
Трпеноски во своето гостување зборуваше и за целиот случај поврзан со Рашковски и посочи дека ќе се провери целиот случај односно дали Рашковски со неговата плата и приходи кој ги заработува може да си купи џип и сѐ што е поврзано со она што го објавија медиумите.
„Ние како комисија ќе ги провериме сите аспекти, ќе ја провериме вистинитоста на анкетниот лист, ако увидиме како што пишуваат медиумите дека не е пријавен џипот ние ќе ја информираме јавноста или заедно со финасиската полиција ќе отвориме и испитување на имотната состојба, ако има потреба. Тогаш веќе може да видиме дали неговиот имотен лист е несразмерен односно дали може со платата и со приходите што Рашковски ги заработува, дали може тој да купи џип или се што објавијаа медиумите поврзани со него“, додаде тој.