Антикорупциска од првите 18 случаи за кои што отвори предмети за испитување на постоење на непотизам, во 9 случаи утврдила дека постои непотизам.
За два случаи се уште чекаат информации од МВР поради тоа што се класифицирани информации.
Затворени се случаите за ќерката на пратеничката Емилија Александрова, Лила Пеќевска сопруга на градоначалникот на Берово, Звонко Пеќевски, Цветан Велевски, брат на Мира Стојчевска, позната како Мира Дизел, Бесјана Џафери, ќерка на Таљат, Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, Иљо Стојчевски сопруг на Мира Стојчевска, Надица Делкова сопруга на Тони Делкова.
Не е утврдено непотизам за овие случаи.
ДКСК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, го проследи приговорот на Силјановска до министерството за финансии.