Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на јавнаta седница во понеделникот, поради непостапување по член 35 и неможност да достави документ до еден пратеник во Собранието одлучи да го запре предметот што го имаше отворено по сопствена иницијатива и да го достави до прекршочна комисија.
Причина за тоа, како што беше истакнато на седницата, е неможноста нивниот документ да го достават до адресата на пратеникот, ниту по обидот тоа да го направат преку Собранието.
ДКСК по сопствена иницијатива отворила постапка за анкетниот лист на еден пратеник за кој било констатирано дека фирмата која ја управувал му ја доделил на неговиот син, откако бил избран во Собранието. Како што беше посочено, согласно член 77 тоа не е дозволено и управувањето не може да биде доделено на член на семејството.