
Антикорупциската комисија отвори во понеделникот, предмет за тоа каква е улогата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во тендерот за набавка на нов безбедносен систем на Македонски навигации, по контроверзиите со објавениот снимен материјал, на кој јасно се слушаше дека договара набавка со претставници на италијанската компанија „Леонардо“
Станува збор за јавната набавка и инсталација на АТМ ситстемот за управување со воздушниот сообраќај кој ја доби „Леонардо“, којашто наиде на интерес кај ДКСК.
Опозицијата своевремено реагираше дека Рашковски влијаел на овој тендер, додека владиниот функционер го тврдеше спротивното, со објаснување дека бил овластен од Владата да присуствува на состанок со претставници на „Леонардо“.
Државната комисија за спречување на корупцијата го отвора предметот по сопствена иницијатива.