
Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанаж,а сакаме да ве известиме дека споменатата Анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ, велат од Антикорупциска комисија.
„Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции. Очигледно дека само податоците од Собрание на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот“, се наведува во соопштението.