Државната комисија за спречување на корупцијата бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби, бидејќи има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво.
Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој на денешната 40-та седница на ДКСК, го елаборираше предметот за именување на лице за в.д. директор на јавното комунално претпријатие во општина Лозово, без да објави оглас, побара да се отвори дебата по ова прашање, бидејќи во законот не е предвидена прекршочни одредби за вакво непочитување.
„По добиените информации од општина Лозово, индикативно е дека појавата си продолжува. Исто лице на ова ЈП е именувано од градоначалникот два пати како в.д. директор, без да се почитуваат одредните од Законот за локална самоуправа и Законот за ЈП“, изјави Бајрами.
На прашање од ДКСК зошто не е објавен оглас, директорот објаснува дека општина Лозово е мала рурална средина и нема лице кое во целост ги исполнува условите од член 23 од Законот за јавни претрпијатија.
„Во законот за локална самоуправа и за јавни претпријатија не се предвидени прекршочни одредби за необјавување на оглас, ова го истакнуваме како поука, бидејќи се се сведува на самовилие и политички пазар без почитување на закони“, изјави Бајрами.
Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 40-та седница разгледа повеќе предмети, меѓу кои и осум поднесени од укажувачи во периодот на 2019 година.
Од овие предмети, за кои како овластено лице за прием на пријави од укажувачи елаборираше Ирена Поповска, два беа прифтаени и се однесуваа на начинот на избор на в.д. директори во Ј.П. без објавување на оглас за што ДКСК одлучи да отвори постапки.
ДКСК затвори три предмети за кои по добиените информации наовидте од пријавите не се потврдиле. Пријавите се однесувале за незаконита исплата на плати во училиште, за унапредување службеници за време на изборен процес, за постапување на професор од УКИМ за полагање на лице, кои не е регистрирано како студент.
Поради застареност затвори еден предмет, кој се однесувал на незаконитости за неисплата на надомест на инвалидност од приватна фирма.
ДКСК, се произнесе како ненадлежна и отфрли една пријава за мобинг против вработен во ЈП надлежен за користење на годишен одмор и КОВИД мерките за време на пандемијата.
Постапката по еден предмет, на барање на укажувачот е прекината и префрлена во редовно постапување на ДКСК.
Ова беше прва онлајн седница на ДКСК на која присуствуваа и новинари