![preview](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/preview.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Припадниците на забранетите екстремни десничарски и неонацистички движења кои се пребегани од Русија каде што се пред кривичен прогон, на Западот се претставуваат како „доброволечки антипутиновски“ бригади, како што е Легионот Слобода на Русија којашто наводно се бори против рускиот претседател Владимир Путин и планира повќе операции во внатрешноста на Русија, изјавил портпаролот на паравојската извесен Максимилијан Андроников за британскиот весник The Observer.
„Во следните месец дена ќе има уште изненадување“, вели Андроников тврдејќи дека за бригадата тоа ќе биде третата операција.
„Потоа ќе има четврта и петта операција. Имаме амбициозни планови. Сакаме да ја ослободиме целата наша територија“, додава Андроников.
Легионот „Слобода на Русија“, како што пишува The Observеr, е составен од руски националисти кои се борат на страната на Украина, што самото посебе е контрадикторност бидејќи рускиот национализам секогаш го исклучува постоењето на самостоен независен украински идентитет. Всушност станува збор за припадници на неонацистички и екстремистички групации кои се забранети во Русија, а нивните припаднци и приврзаници се разбегани во странство под заканите кривично да одговараат.
Во мај и јуни борците на овај легион, заедно со групата под назив „Руски доброволечки корпус“, и двете првпат споменувани во западните медиуми годинава, изведоа напад во руската погранична област Белгород кога убија еден маж и тешко ранија дете предизвикувајќи извесни материјални штети на инфраструктурата. Во анитеритистичката операција на руските безбедносни служби беа убиени најмалку 70 борци на таа единица.
Западните земји се оградуваат од поврзаност со споменатите две групации, а украинските разузнавачки служби тврдат дека тие операции имаат цел „ослободување на подрачјето од режимот на Путин“. И властите во Киев тврдат дека немаат никаква поврзаност со тие напади.
Меѓутоа, опремата која ја уништија и запленија руските сили покажува дека тие таканаречена „антипутиновски партизански одреди“ биле опремени со современот оружје коешто Западот ѝ го испорачува на Украина.
Покрај тоа, на почетокот од јуни полските интернет портали Polsatnews.pl и Wprost.pl, објавија дека дотогаш непознатата група полски платеници под називот „Полски доброволечки корупс“ учествувала во нападот во Белгород, а во Украина започнала да соработува со „рускиот допроволечки одред“. Овие единици, според снимките кои ги објави руската армија, се обучувани од западни инструктори и вооружени со американско оружје и борбени оклопни возила, вклучително и со тенкови.
Потврдата за своето учество во нападот во Белгород, „Полскиот доброволечки корпус“ го објави со видео на платформата за размена на пораки Telegram, но подоцна таа информација е избришана, пишуваше Reuters.