Антивладините демонстранти се собраа во четвртокот вечерта во Ерусалим пред домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, палејќи оган на улицата и повикаа на негова оставка.
„Напуштени сме – Избори сега!“, пишуваше на еден банер. Демонстрантите извикуваа преку мегафони, вееја знамиња и биеја во тапани додека полицајците стоеја покрај барикадите, покажуваат снимките.
Ваквите протести станаа сѐ почести додека војната на Израел против Хамас во Појасот Газа продолжува и како што конфликтот со либанскиот Хезболах се заканува да ескалира, иако протестите не го достигнаа својот врв како пред една година кога владата на Нетанјаху се обиде да воведе промени во израелскиот правосуден систем.
Многумина во масата демонстранти, која броела илјадници според медиумските извештаи, извикуваа поддршка за договорот со кој ќе се ослободат околу 120 израелски заложници кои ги држеше Хамас во Газа.
Кога сонцето почна да заоѓа, демонстрантите го блокираа сообраќајот и запалија голем оган на централната улица во Ерусалим. Но, немаше извештаи за големи немири и полицијата не употреби водени топови за контрола на толпата, како што тоа го правеше за време на побурните претходно протести.
Протестите сѐ уште не ја променија политичката клима во земјата, а Нетанјаху сè уште го контролира стабилното мнозинство во парламентот.