Антонио Милошоски откри „државна тајна“: Џафери не дозволува пратениците да имаат увид во тоа како се одвивале преговорите за името!

Во текот на вчерашниот ден претседателот на собраниската комисијата за надворешна политика, Антонио Милошески објави уште еден скандал предизвикан од Талат Џафери и доказ за неговото дејстување спротивно на Деловникот, пишува Инфомакс.

Џафери со усна наредба им забранил на собраниските служби на пратениците да им ги достават класифицираните материјали за преговорите за името на седницата на Комисијата за надворешна политика на која министерот за надворешни работи Никола Димитров требаше да даде отчет за преговорите со Грција

Она што загрижува околу последните настани во Собранието е фактот што членовите на Комисијата имаат безбедносен сертификат за пристап до класифицирани документи, но покрај тоа Џафери забранил пратениците да имаат увид како се одвивале преговорите за името. Ваквата одлука на Џафери е спротивна на деловникот на собранието и законите, а ваквото однесување дополнително отвора дилема што е толку страшно во класифицираните документи кои не им се доставуваат на пратениците.