Антонио Ристевски, со својот резултат на Олимписката слаломска трка во Роса Хутор, Сочи (постигнато време од 1:58:44) и пласман на 29-тото место на Зимските Олимписки игри Сочи2014, влезе во историја на зимските олимписки спортови во Македонија. Ова е убедливо најдобро постигнат резултат на македонските спортисти во историјата на Зимските олимписки игри (ЗОИ).
Овој многу добар резултат е плод на повеќе децениската напорна работа на Антонио Ристевски и неговиот тренер Иван Лесевски. И пред двајцата предстојат уште понапорни тренинзи и нови докажувања бидејќи сигурно дека Антонио и Иван во блиска иднина ќе постигнат уште повредни Олимписки и спортски резултати.
На стартот на Олимписката трка во слалом се појавија вкупно 117 скијачи. Златниот медал го освои Марио Мат (Австрија), а сребрениот медал го освои Марсел Хиршер (Австрија), додека бронзениот медал го освои Хенрик Кристоферсен од Норвешка.