6.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Антовски: Заевизмот удри по народот, испорача честитка пред Нова година со над 15 отсто поскапа струја

Евтината тарифа беше една од главните точки во програмата на СДС на парламентарните избори во 2016 година во делот за енергетика. Додека го лажеа народот дека само тие се грижат за него, бидејќи без евтината тарифа се празнат џебовите на граѓаните, ветуваа дека тие ќе ги вратат парите кај народот, со тоа што ќе се зголеми периодот на користење на евтина тарифа од 14 до 16 часот. Народот слепо им поверува на лагите и својот глас го даде на СДСМ, ова денеска преку прес конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, на лагата и се кратки нозете. Така вели народната поговорка. Лагата на СДСМ траеше само четири години. Откако во 2020 ја зголемија цената на струјата за 7,4%, па летото во 2021 за уште 12,5 % сега се случи нов ценовен шок. Зголемување за 9,5 %, па и укинување на дневната евтина тарифа. Народот треба да знае дека зголемувањето на струјата кај домаќинствата и малите потрошувачи од 9,5% не е точно. Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот цената на електричната енергија дополнително се зголемува за 5-6%, што значи дека вкупното поскапување ќе биде од околу 15%. И не само тоа. Кај малите потрошувачи зголемувањето ќе биде уште поголемо од 15% ако се земе и цената на врвната моќност, кај која најмногу се манипулира. Кога ќе им дојде сметката за јануари 2022 година на малите потрошувачи, тогаш ќе се фатат за глава и ќе разберат што ги снашло, споредувајќи ја јануарската сметка со сметката од декември 2021 година. Поскапувањето кај нив ќе биде многу поголемо од 15%, вели Антовски.

Тој додава дека заевизмот удри по стандардот на граѓаните и им ја честиташе Новата Година со над 15% поскапување на струја. Таму кај што Заев застана, Ковачевски продолжи со уништување на стандардот на народот. Поскапувањето на електричната енергија за 9,5% плус укинувањето на дневната евтина тарифа значи дека секое домаќинство ќе плаќа за 15% повеќе од својот џеб поради неспособноста и неодговорноста на власта.

-Поради недомаќинлукот и криминалот на кланот Заеви останавме без домашно производство на електрична енергија. Доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно, ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните. Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите, ќе произведуваше домашна електрична енергија по цена три до четири пати поевтина од увозната. Со тоа немаше да дојдеме до оваа мизерна состојба:

-Македонија денес се соочува со уништени енергетски компании доведени пред банкрот, без домашно производство на електрична енергија и осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај. За ова одговорност мора да има, вели тој.