Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку статус на Фејсбук му упати порака до Љупчо Николовски од СДСМ.
Здраво Љупчо, како си?
Се разбира ова е куртоазно прашање, но следново не е.
Ја опљачкавте државата до гола кожа, и сакате да бидеме мирни и смирени?
Тоа е филм кој нема да го гледате.
Што се однесува до вашата спонзорирана хотелска коалиција, ќе одговорам со прашање, како скопското крило во СДСМ, уште ли ќе ги лажете со функции и тендери кои редовно завршуваат кај Вице?
П.С. – Нели е срамота мандатарот збор да не каже за земјоделците во своето експозе? Чисто да нотирам со кого си имаме работа, стои во неговиот пост на Фејсбук.