![Игор Јанушев](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/Igor-anushev.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Пратеникот Игор Јанушев кој пред два дена од лични причини поднесе оставка од позицијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ ја открива шемата создадена во владино – новинарската фела кога се работи за известување за опозицијата.
Веднаш откако поднесе оставка од страна на медиуми под контрола на СДСМ со теза дека тој е во конфликт со лидерот на партијата Мицкоски и актуелното раководство, Јанушев се прикажува како позитивен лик за разлика од останатите во врвот на партијата.
Мислејќи дека Јанушев влегол во конфликт со Мицкоски медиуми побрзаа да се обидат да го зголемат конфликтот кој не постои на што денеска реагираше пратеникот.
“До пред некој ден на одредени портали бев најлошиот, најнесоодветниот, најнегативниот лик … сега, на истите тие портали сум добриот, исправниот, позитивниот лик во ВМРО-ДПМНЕ … види мајката … какви лоботомии … човек просто да не може да поверува …
Сум бил и ќе останам прво – човек и Македонец, а потоа и ВМРО-вец … кој има проблем со тоа – нека си го носи!
Поздрав до “независното” новинарство кое објавува нарачани текстови со цитирам: “таа шпекулација не успеавме да ја провериме кај двете страни”, напиша Јанушев разоткривајќи ја манипулацијата на медиумите под контрола на власта.
Со примерот на известувањето на провладините медиуми за Јанушев се потврдува уште еднаш партиската агенда на дел од новинарите согласно која сите кои не се дел од актуелното раководство на опозицијата или се во конфликт се прикажуваат како жртви и позитивни ликови а сите кои се дел од партиските структури дека се криминалци и негативци.
Согласно таа агенда дел од медиумите упорно промовираат екс членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои одамна не се дел од структурите на Партијата, не се ни членови па дури и такви кои работат контра партијата на која воопшто не и припаѓаат.