Владата на Заев и Спасовски, истата таа која до вчера велеа дека блеска, сега ќе го ограбува народот со повисока акциза за горива за да може Владата финансиски да издржи.
Значи, тоа земање на пари од народот нема да отиде за некој нов автопат, училиште или градинка, туку ќе оди за да може милионерите од СЈО да се наградат за нивното неработење, за да може општините и министерствата партиски да вработуваат.
И во позадина на сето ова, ако може и да направат криминал со популарно наречената “црвена нафта”. Имено, информациите говорат дека братот на еден политички моќник од Струмица, и самиот тој познат по “црните бизниси”, зема процент од увозот на “црвената нафта” или екстра лесното гогриво кое се употребува намето дизел гориво (кое е поскапо), а разликата завршува во едно богато струмичко семејство.
Значи, “батето” врзано со царинските служби прави бизнис од екстра лесното гориво. Кога на ова ќе се додаде дека пак другиот брат ќе заработи од тоа што народот ќе плаќа поскапо гориво кога секаде во светот горивото поевтинува, тоа значи дека имаме уште една крими сторија на “струмичките далтони”.
И, за на крај, толку е криминална приказната што дури и Нина која делува како “Алиса во земјата на чудата”, не им излезе на прес-конференција да го брани овој најнов криминал. Со други зборови, паѓаат, губат контрола, ама од крадење нe се откажуваат.
Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.