Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и пратеник во Собранието на Република Македонија, Игор Јанушев, на својата фејсбук страница објави статус посветен на раѓањето на Драган Богдановски.
Еве што напиша Јанушев:
На денешен ден, во 1929 година е роден Драган Богдановски – идеолог и основач на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги постави темелите на она што сме сите ние денес, горди членови на најголемата политичка организација во Република Македонија. Во негова чест да се присетиме на неговите мудри зборови кои оставиле длабока трага во македонската историја:
„Покрај мрачната страна на политичките огледала во кое се топи ликот на Македонската Република, постои и светла страна. Интересите на Македонија бескомпромисно и неуморно ги заштитува татковинската илинденска партија ВМРО-ДПМНЕ која во судбоносните историски моменти се потврди како борец за независна македонска држава. Иако, шиканирана од власта, прогонувана, клеветена, ВМРО-ДПМНЕ во политичкиот живот на Македонската Република исполнува многу важна улога, бидејќи таа е носител на илинденскиот идеал на македонскиот народ за независна држава“