Јанушев и Јаулески од Битола на денот на независноста порачаа: Ќе се бориме рамо до рамо со секој млад човек и ќе победиме

Вечерва по повод денот на независноста на Република Македонија во Битола се одржа прослава на која се обратија генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и претседателот на Унијата на млади сили Јован Јаулески.

-Вечерва во Битола го одбележавме Денот на нашата земја – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Во Центарот за култура, на наше огромно задоволство, со своето присуство нѐ почести и Генералниот секретар Игор Јанушев.

Република Македонија денес ја слави својата независност.
Република Македонија е нашиот мотив за борба, во неа е вгнезден и нашиот ген, нашиот идентитет, таа е нашата водилка.
Македонија денес со овие кои ја водат го живее лошиот сон, а наша обрвска е да ги разбудиме сите Македонци и да ја вратиме онаму каде што беше, и онаму каде што припаѓа.
Така било и низ вековите, Македонците со својата мудрост им пркоселе на неправдите и се бореле за своја држава.
Го освоиле и човештвото пред Христа, за потоа преку браќата Кирил и Методиј да го описменат пола свет, а нешто подоцна и да ја создадат својата втора држава – Самуловото Царство.

Така поминувале вековите во кои отпорот станал национална кауза. Тогаш се разбудила свеста па преку ВМРО, во 1893та, кое станало основен стожер за македонската борба – македонскиот народ веќе гледал надеж и остварување на сонот за своја држава.
И веќе на 2ри август, 1903та – сонот на многу македонци станал јаве. Македонците ја добиле првата Република на Балканот, Крушевската.
Вториот Илинден и формирањето на Асномска Македонија кулминирале со Референдумот од 8 септември 1991ва како последен исчекор кон сувереност и независност на македонската држава.
Пред точно 28 години, Македонија тргна по својот пат, пат кој е трасиран од македонци, за македонци. Имањето на сопствена држава е голема привилегија, која не сите нации во светот ја имаат. Ние ја имаме таа привилегија, која е стекната со многу, крв, солзи и пот.
И токму затоа треба цврсто да се бориме за оваа држава да ја зачуваме и да ја унапредиме.

Од тука порачувам, ќе се бориме рамо до рамо со секој млад човек и ќе победиме. Македонија повторно ќе е горда.

Нека вечна самостојна, суверена и независна Република Македонија!

Игор Јанушев пак пред насобраните истакна дека денес се соочуваме со една поинаква битка, нималку помалку важна од сите битки претходно.

-Имено залудна ќе беше секоја победа од минатото доколку не го оправдаме долгот и заветот од претходните генерации да ја сочуваме Македонија. А каква е нашата земја денес? Поделена, криминализирана, распарчена со невредности, непринципи, со горко чуство на омраза, реваншизам, прогони. Сладострастието на властодршците оди дотаму што ова веќе не е битка за стандарди, туку за нив ова е дневна битка да си ги задржат фотелјите. А ги сакаат тие удобни фотејли не затоа што им е важен народот, туку за да крадат. Едноставно е, за да крадат народни пари, потенцира Јанушев.

Тој додава дека „Ќе речат дека блескаме, но во Македонија власта ако може и сонцето ќе го помрачи“.

-Имаме влада која води кампања за одбележување на денот на независсноста без да го спомене името на државата од која земаат плата. Затоа што името Македонија ги потсетува на срамот кој го направија со промената на името. А дозволете да потсетам дека на денот 8 септември кои еве гордо го прославуваме беше прогласена независност на Република Македонија. Значи не северна, горна или било каква друга, туку независна Република Македонија. Референдумот на кој народот се изјаснуваше пред  28 години беше референдум на кој народот одговри на прашањето   „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?. Значи името за кој овој народ се одлучи и го одбра е Македонија , Република Македонија. А денес имаме име неодбрано и неодобрено од овој народ, туку наметнато од кастата на власт со една цел, само да останат на власт за да може да крадат. И тука нема никаква друга филозофија, или математика. Бидејќи народот одамна не верува во демагогиите за чесноста на Заев, ниту пак дека за жицата се работи. Овие луѓе се испоганија само за да останат на власт, а власта за нив значи само пари. Ама тие се туѓи, му припаѓаат на народот, а таа вистината еден ден ќе се дознае, истакна Јанушев.