
Фејсбук статус на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ:
Додека пандемијата со корона вирусот “руши” се пред себе, а истовремено имајќи ја убедливо најнеспособната влада во историјата на Република Македонија … секој од нас е оставен да се справува со секојдневието како “знае и умее”.
Додека фокусот е на здравјето на луѓето и нивната заштита од вирусот и економијата и надминувањето на огромните проблеми на компаниите и вработените … единственото нешто што е полошо е не способноста на владата на Заев и СДСМ како да се справат со целата оваа ситуација.
И има уште многу “додека” … многу за пишување на овие теми, иако веќе втор месец ја живееме оваа (над) реалност.
Сепак, би сакал да отворам една друга тема, има огромен број на луѓе во државава кои се со блокирани сметки, и не затоа што се нечесни или затоа што нешто “мателе”, едноставно суровата реалност во која живеат и тешкиот живот на работ на преживувањето ги довело до таква ситуација.
Е сега, да биде небулозата поголема на најголем дел од овие луѓе сметките им се блокирани од извршители, а погодувате веќе, работата на извршителите е “суспендирана” (ако не се лажам) до јуни и овие луѓе се оставени на “милост и немилост”. Особено оние (а, има многу такви) кои се со една плата во фамилијата.
Значи, сепак, со “неумешната” одлука на владата, иако “суспендирани” извршителите “хараат”, а народот осиромашува. Само власта дезориентирана во својата неспособност го пљачка народот. Зголемува акциза на горива, сега и извршителите “ги пушти”, “розово” е само во нивните соопштенија. Како земја имаме еднакво голема (а, веројатно и поголема) грижа освен короната, тоа е оваа неспособна влада.