Очекуваме еден убав ден во Република Македонија каде што народот дефинитивно ќе ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Очекувам ден каде што ќе се слави демократијата каде што конечно ќе го отфрлиме овој криминално хибриден режим на Заев и СДСМ, изјави за медиумите по гласањето, Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ носител на Изборна единица 3.
„Мојата порака денеска до сите во Република Македонија е да се излезе и да се гласа, да се оствари своето демократско право. Нормално дека очекувам дека граѓаните во огромен број ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јанушев
На новинарско прашање дали доколку победи коалицијата „За обнова на Македонија“, којашто ја предводи неговата партија, ќе се продолжи во извршната власт или би останал пратеник, Јанишев констатираше дека е „повеќе од очигледна“ победата на ВМРО-ДПМНЕ, но оцени дека уште е рано за да размислува на тоа прашање.
„А дали би останал во собранието или би продолжил на некое друго место, се уште е прерано. Ние во ВМРО-ДПМНЕ како што покажавме во изминатите две и пол години прво добро ги обмислуваме работите, а потоа ги преземаме, така да чекор по чекот. Да го завршиме овој ден како што треба, од утре натаму ќе имаме време за размислување и за договарање што е најдобро. Секако со своите капацитети професионални пред се, сум на располагање пред се на државата да и помогнам онаму каде што најмногу можам“, рече Јанушев.