Јанушев кон Жерновски: СДСМ е единствената партија со двајца докажани криминалци – Заев и Бучковски

Во вечерашното издание на дебатната емисија “24 анализа” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Игор Јанушев кој се осврна на штетните политики на власта, како и на моменталните политички случувања во однос на договорот со Република Бугарија.

Пратеникот Јанушев потенцираше дека СДСМ ја водат рекетари, крадци и луѓе со мрачно минато. Меѓу другото напомена дека во нивната партија единствено постојат двајца докажани криминалци, од кои едниот е веќе два три пати аболициран за криминал тежок над 9 милиони евра, а другиот е осуден поради бизнис со оружје.

“Жерновски, Вие немате право на глас во однос на стекнување имот. Во вашата партија имате докажани криминалци кои за своите дела биле зад решетките, а потоа со Ваша помош излегувале. А за вашите милионски тендери за пет метри улица на Боемската улица во Скопје, допрва ќе треба да објасните на јавноста. Толку скапи улици не се прават ни во Њујорк”, додаде Јанушев.

Нивото и капацитетот на СДСМ е тој, да се краде и да се лаже. Ништо ново речиси 30 години. Но, народот овој пат најубаво имаше шанса да види како функционира државата кога на власт се крадци од типот на вас и вашите сопартијци. За тоа еден ден ќе одговарате пред законот, заврши Јанушев.