Јанушев му порача на Јандриоски да издржи

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил објави дека апсењето на извесниот Кристиан Јандриоски за наводни закани кон Весна Дамческа Илиевска, која како поранешна пратеничка на најголемата опозициска партија побара оставка од лидерот Христијан Мицкоски, е конструкција и заплашување од страна на власта.

„За фејсбук статус не се оди во затвор, освен во држава со Влада водена од Заев!

За фејсбук статус Кристиан Јандриоски оди во затвор, а за украдени милиони се добива награда – премиерско столче за Заев. Тоа е таа брутално мачна неправда на криминалната банда на власт, спроведена на дело.

П.С Кристиан Јандриоски и ова ќе помине, а ти ќе излезеш со крената глава!“, напиша Јанушев.

Весна Дамчевска Илиевска, инаку 23 години член на ВМРО-ДПМНЕ, пријави во полиција дека последниот период е мета на насилство, поради како што вели таа, барањето на вонреден конгрес и смена на Христијан Мицкоски од претседател на партијата.

„Монтажи и конструкција којашто е дел од новопромовираната коалиција меѓу иницијаторите и Зоран Заев и не би имал што да коментирам повеќе.“, рече Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.на денешната прес-конференција.