Јанушев објави победи на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, Аеродром, Илинден, Кратово, Охрид и Прилеп, Свети Николе и Бутел

Победуваме, победуваме во Македонија, победуваме речиси на секаде, од дел досега обработени 20 проценти ВМРО-ДПМНЕ веќе има предност од околу над 10 илјади гласови, вечерва истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, еден час по затворањето на избирачките места.

„Победуваме во Гази Баба со 2:1, Аеродром 2:1, Илинден, Кратово, Кривогаштани  со 2:1, победуваме во Охрид и Прилеп веќе имаме сериозно водство иста ситуација е во Радовиш, Свети Николе и Бутел имаме предност од 2:1, во Кисела Вода и Велес исто така победуваме. Обновата доаѓа, исправи се Македониј“, истакна Јанушев.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има водство во речиси сите општини каде што мнозинство се македонските гласачи, и тоа со околу предност која осигурува во моментот седум-осум пратеници.

Претходно изрази „огромна благодарност“ до сите структури на ВМРО-ДПМНЕ кои „се вложиле“ за она што се следува маклу подоцна.

„Македонија денеска одлучуваше за промени и обнова. Најважно е дека народот во огромно мнозинство се определи и следува огромна победа.Морам да забележам и на нерегуларностите кои се од очај на СДСМ кои се свесни дека катастрофално губат. Се служеа со поткуп и манипулација. Но, тоа не им помина и народот ги казни. Имаше околку 20 случаи на поткуп. Сите овие нерегуларности се процесираат.
Победуваме во Македонија, победуваме речиси насекаде. Од досега обработени 20 проценти од гласачките места, ВМРО-ДПМНЕ има предност од околу 10.000 гласови. Обновата доаѓа, исправи се Македонија. Предноста од досега обработените гласови се движи околу седум до осум пратеника“, рече Јанушев.