Јанушев: Правдата доаѓа и има место за сите!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку својот фејсбук статус денеска пишува дека Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на СЈО.

-Од ЈО изјавуваат дека сакале работите малку да им легнат, да преноќат, но според нивните првични опсервации, немало правни пречки за преземање на случаите на СЈО бидејќи биле исполнети условите од член 6 став 5 од Законот за СЈО.

Ајде тогаш да видиме што вика член 6 став 5 од Законот за СЈО!
“Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јав- ниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност.”

Тоа што Катица Јанева е во притвор и правата, односно надлежностите кои што ги има како Јавен обвинител и се суспендирани (или евентуално во мирување), тоа нема никаква врска?

Тоа што е започната постапката за разрешување на Катица Јанева и што денес ќе се одржи седница на Комисијата за избори и именувања на која ќе се разгледува Извештајот со кој се препорачува разрешување од страна на Советот на јавни обвинители, и тоа не е важно?

Сигурен сум дека и моралната димензија не е важна, со оглед на тоа дека целокупната Македонска јавност слушна/виде/прочита за криминалните постапки на Јанева?!?

Но, што може да се очекува од најблиските соработници и слуги на аболицираниот криминалец?

Само така продолжете, правдата доаѓа и има место за сите!

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во неговиот пост на Фејсбук.