Јанушев: Власта не се интересираше за набавка на вакцини против коронавирус, туку како да земе провизија или некој милион да стави во џеб

И да се избореше ВМРО-ДПМНЕ за вакцини или слично. Ние како партија минатата година први обезбедивме лична заштитна опрема, клучното нешто за борба против корона опрема немаше, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на гостувањето во емисијата „Јади бурек“ што се емитува на телевизија Сонце.

„Ако некој сака да му помогнеш може да му помогнеш, ама ако не сака што можеш да направиш. Филипче пред десеттина дена рече тие и тие вакцини се супер, а вчера вели ќе почекаме и ни треба потврда дека се безбедни. Нормално е народот да биде збунет“, рече Јанушев.

Единствено нешто, што видовме од власта, Заев и Филипче, кажа Јанушев, е дека имале обиди да земат провизии.

„Наместо за вакцини тие се бореле за провизии преку фирми во Хонг Конг. И за тоа има институции кои треба да поработат, ако можеше Русковска да тужи партија или функционери од партијата за говор во кампања и предметот и падна во суд, треба да поработи нешто конкретно, ама не гледаме“, рече Јанушев.

Покрај провизиите, додаде Јанушев, ги слушаме лагите за количините на вакцини кога ќе стигнат, колку лица дневно ќе се вакцинираат.

„И за сето ова лажат. Прво велат од 7 до 10 илјади луѓе на ден ќе се вакцинираат и излегува некој друг и вика до 6 илјади. Значи или се до 6 илјади или од 7-10 илјади лица кои ќе се вакцинираат, а со ова темпо до кога ќе се вакцинираат граѓаните во 2022“, укажа Јанушев.

Пратеникот кажа дека Заев и Филипче ги интересира како само некој милион да стават во џеб плус и ништо друго.

Коментирајќи ги критиките на релација Пендаровски – Филипче рече дека ова е само уште еден неуспешен обид за дефокус во јавноста.