Дали актуелната власт својата успешност ја мери според искинатите униформи на македонските војници, променетото име на земјата и на армијата, криминално-рекетарските скандали, праша во понеделникот Игор Јанушев, генерален секреатар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во својата објава на социјалните мрежи Јанушев алудираше на вчерашниот говор на министерката за одбрана Радмила Шеќернска по повод Денот на армијата, која меѓу другото, оцени дека оваа била „година на успех“.
„После ‘блескаме”’на Зоран Заев, сега ја слушаме и Радмила Шеќеринска дека ‘зад нив имале успешна година’.
Па како да немаат успешна година тие неколкумина од криминално-рекетарскиот октопод после година која изобилува со криминал, корупција и рекетирање?!
По што го мерат успехот, по искинатите униформи на Македонските војници или по сменетото име на Армијата на Република Македонија? Ако тоа за нив е успех, тогаш овие луѓе не знаат што е неуспех.
Сите останати ја имаме историски најлошата година! Година во која спротивно на Устав и Закон, насилнички и криминално сменија име и идентитет и распродадоа се што е Македонско … криминал, рекет, корупција, нерасветлени убиства …
Сепак, во една работа се согласувам со Шеќеринска, а тоа е дека “следната година ќе биде поуспешна”!
А, тоа ќе биде така затоа што оваа криминална власт ќе падне и ќе почне #ОбноваНаМакедонија!“, напиша Јанушев на свјот фејсбук профил.
Инаку, конкретно кога станува збор за униформите на припадниците на македонската војска, Шекеринска пред десетина дена изјави дека првичниот договор за набавка на воено-теренски униформи е раскинат затоа што избраната фирма не успеала да ги исполни бараните условите и постапката е повторена.