Кога не престојувала на Западниот брег, Мерлин Монро целото слободно време го поминувала во раскошниот апартман што сега е достапен за издавање и за купување.
Откако раскошната вила во шпански стил што се наоѓа во Лос Анџелес и која биле првиот имот во сопственост на легендарната Мерлин Монро е ставена на продажба, уште еден дом на култната филмска дива стаса на пазарот на недвижности.
Мерлин Монро која е симбол на најгламурозниот период на Холивуд покрај летниковецот во Њујорк поседувала и раскошен апартман во Њујорк.
Таа кога не била на Западниот брег, своето слободно време го поминувала во раскошниот апартман кој ќе ве маѓепса на прв поглед затоа што нуди неверојатен простор надвор, затоа што потсетува на мала ботаничка бавча.
Овој огромен стан со 4 до 5 спални соби и 2 тоалети сега е достапен за изнајмување по цена од 27.500 долари месечно.
Иако овој стан по смртта на Мерлин имал и други станари, голем дел од оној мебел што го поседувала Монро е зачуван и задржан. Овој четирисобен стан што изобилува со дрвен мебел и тераса во европски стил, како и луксузна кујна, поседува најсовремен безбедносен систем, централно греење и џакузи. Покрај Мерлин, овој стан имал уште неколку славни станари како Милтон Грин, Бет Дејвис и Ирвинг Берлин.