По објавувањето на т.н. модификуван француски предлог за преговарачката рамка на Македонија во ЕУ, согласно која се интегрирани сите бугарски барања кои го негираат македонскиот јазик, култура, историја и севкупно постоење во Скопје неколку дена по ред се одржуваат протести.
Политичар кој веројатно најмногу е истакнат во оваа борба и влезе во отворена конфротација речиси со сите од владејачкиот табор, вклучувајќи го и претседателот на државата е пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Разбирајќи ја важноста на овој историскиот момент, Апасиев истакна дека денеска и утре се клучните денови и уште еднаш ги повика сите на протест.
Денес и утре се клучните денови! – напиша кратко Апасиев.