Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија, рече лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Тој оценува дека во преговорите со Бугарија на маса се идентитетските одредници и затоа потребна е резолуција за црвените линии.
-Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија, постојат Евроазиска унија, Движењето на неврзаните, БРИКС… – смета Апасиев.
Тој го обвини премиерот Зоран Заев дека е причина за настанувањето на проблемите со Бугарија.
– Доаѓањето на Заев ги направи проблемите со Бугарија, со потишувањето на фамозниот договор за добрососедство и тој цело време вели дека член 2 е прекршен и ако го прочитате членот 2 ќе видите дека не е прекршен. Бугарите фино го спакувале членот 2 кој вели ќе ве поддржиме за влез во НАТО, а ќе ви даваме сугестии за членство во ЕУ. Тие никаде не се обврзале дека нема да стават вето – вели Апасиев.
Тој останува на ставот дека мора да се поништи Преспанскиот договор.