Апасиев со 1.200 амандмани за Законот за лични карти му купува времe на Заев

Александар Митовски, главниот уредник на порталот „Инфомакс“, ги коментираше актуелните случувања поврзани со Законот за лични карти кој предизвика бурни реакции кај јавноста откако коалициониот партнер на Заев, БЕСА, побара да биде внесена и етничката припадност на граѓаните.

Митовски појасни дека според актуелните законски регулативи, во личните карти би стоело граѓанин на Република Северна Македонија, а државјанствата кои што ќе се издаваат ќе бидат за Македонците коси црти, а за другите етнички заеници ќе бидат Албанец, Србин, Ром; Бошњак, кој како сака освен за Мaкедонците за кои ќе биде коса црта. Но, според новиот Закон, кој Апасиев сака да го блокира, во личните карти би пишувало Македонец.

Митовски посочи дека прв чекор кон враќање на идентитетот на Македонецот е токму овој закон. Блокирањето на овој закон е само продолжување на политичка кариера на Зоран Заев, со оглед на тоа дека условот на БЕСА за влез во коалиција со СДСМ беше токму овој закон.

„Сега Заев се наоѓа во тонч ситуација, ем мора ваму да исполни ветување, Грците му викаат ако го исполнил ветувањето нема да идеш у Европска Унија, не само Бугарија, туку и Грција повторно ќе не’ блокира, и улетуе Апасиев со 1.200 амандмани, со што му купува време да се испазари или да се блокира тој закон“, објасни Митовски.