Апасиев за „десната Левица“: Читнете малку историја северџанско-соросписки муртати

„Читнете малку историја пред да паламудите“, им порача професорот Димитар Апасиев преку својот фејсбук профил, на оние кои обвинуваат дека Левица била со десничарски погледи зошто го третирала националното прашање. Земајќи го Васил Главинов како пример, Апасиев нагласува дека националното прашање е вградено во суштината на социјалистичката борба на овие простори.

„Најјаки ми се анационалните ен-џи-о ‘левичари’ и социјалдемократи кои ја обвинуваат Левица дека била „десна“, оти – пази молим те – го третирала НАЦИОНАЛНОТО ПРАШАЊЕ исто како и класното!? Како да им објасниш на овие северџанско-соросписки муртати дека тоа е е вградено во суштината на социјалистичката борба на овие простори. Еве само еден пример за овие некадарници… Васил ГЛАВИНОВ, првиот македонски социјалист (од чиј кружок, btw, потекнува и Никола Карев – претседателот на Крушевската република), во весникот Револуција – како тогашен орган на Македонската работничка група – пишува:
„Ослободувањето на Македонија е дело на самите Македонци! Револуционерната борба, на тој начин, ќе носи отпечаток на едно чисто народно движење. Како крајни револуционерни републиканци, проникнати од слободољубивите текови на векот, ние ќе ја подготвиме народната маса и за слободољубивите општествени реформи. […] Македонија си припаѓа на самата себе, а не на многубројните српски и бугарски шовинисти и кандидати за идни заграбивања и пљачки […] Да ја започнеме борбата за полно ослободување на Македонија од сите крстени и некрстени кесеџии!“, напиша Апасиев.
„Ослободувањето на Македонија е дело на самите Македонци! Револуционерната борба, на тој начин, ќе носи отпечаток на едно чисто народно движење. Како крајни револуционерни републиканци, проникнати од слободољубивите текови на векот, ние ќе ја подготвиме народната маса и за слободољубивите општествени реформи. […] Македонија си припаѓа на самата себе, а не на многубројните српски и бугарски шовинисти и кандидати за идни заграбувања и пљачки […] Да ја започнеме борбата за полно ослободување на Македонија од сите крстени и некрстени кесеџии!“