Апел за хуманост: На младото момче му е потребна помош да го победи ракот

На 24-годишниот Венко Атанасовски од Скопје му е потребна помошта од сите нас.

Венко боледува од тежок облик на рак кој има зафатено повеќе органи. Ова момче го чека долго, тешко и скапо лекување, а сите можеме да помогнеме тој да се излекува.

Донирајте 100 денари со повик на телефонските броеви 143 153 на Телеком и 143 480 на А1.

Парични средства може да се уплатат и на жиро сметките кои може да ги видите во продолжение.