Македонската заедница во Малта упати апел преку социјалните мрежи во кој информира дека, за жал,м вчера згасна живот на младиот Македонец, Мартин Костов, во сообраќајна несреќа која се случи во Слиема, на Малта и побара донации за транспортот на посмртните останки од Малта во Македонија.
„Поради финансиски потешкотии на неговото семејство Ве замолуваме кој колку може да донира на сметка на неговиот брат Иван Костов (сликата е во коментар ) со цел побрзо собирање на средствата за транспорт на телото од Малта во Македонија.
Да покажеме солидарност и хуманост во овие тешки мигови.
Ве замолуваме да споделите“, се наведува во апелот.