
Жалбата на таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорческа, Александар Ѓорчевски, денеска е одбиена од страна на Апелациониот суд како неоснована. Неговиот престој во притвор е продолжен за уште 30 дена.
Неговата одбрана претходно бараше укинување на мерката притвор, поради наводно немање докази дека тој е инволвиран во убиството на неговата ќерка.
Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.
Според исказите на останатите осомничени, Ѓорчевски ги дал информациите за тоа кога Вања сама ќе излезе од дома на првоосомничениот за нејзиното убиство, Љупчо Палевски.