Апелација ќе одлучува за снимките во „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет.

Одбраната на Заев бараат снимките да не бидат доказ бидејќи веќе биле објавени во јавноста, односно делови од нив биле ставени на видеосервисот „Јутјуб“, а потоа преземени и објавени од медиумите.

Заев во случајот „Поткуп“ е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 200.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште.