Апелацискиот суд во Њујорк ја поништи пресудата на Вајнстин
Апелациониот суд во Њујорк во четвртокот ја поништи пресудата на поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин (Вајнштајн) за сексуален напад во 2020 година, случајот што го поттикна движењето #MeToo.
Во одлуката четири-на-три, судот во кој доминираат либералните судии блиски до демократите, пресуди дека судијата претседавач згрешил кога им дозволил на обвинителите да воведат сведочење од жени кои тврдеа дека Вајнштајн ги нападнал иако тие не биле дел од обвинувањата против него.
Апелациониот суд, исто така, заклучил дека судијата ја зголемил својата грешка со тоа што дозволил Вајнстин да биде испрашуван на начин што го прикажува во „многу предрасуди“ светлина.
„Лекот за овие застрашувачки грешки е ново судење“, пресуди судот.
Вајнстин, познат како голем донатор на Демократската партија, отслужува 23-годишна затворска казна откако во февруари 2020 година беше осуден за сексуален напад на поранешен асистент продуцент во 2006 година и силување на актерка во 2013 година.
Сега останува на окружниот обвинител на њујоршки Менхетен, Алвин Брег, да одлучи дали повторно да го изведе Вајнстин на судење. Неговиот портпарол не одговори на барањето за коментар, ниту, пак, адвокатот на Вајнстин.
Пресудата се сметаше за пресвртница за движењето #MeToo, во кое жените обвинија стотици мажи во забавната, медиумската, политичката и од други сфери дека ги злоупотребуваат.
Вајнстин беше еден од основачите на студиото „Miramax“. Неговото истоимено филмско студио поднесе барање за стечај во март 2018 година. Вајнстин беше осуден минатата година во Калифорнија во посебен случај на 16 години затвор за силување на актерка во Лос Анџелес во 2013 година.
Вајстин, за кого медиумите тврдат дека со години плаќал за вонсудски спогодби со неговите жртви, во прв ред со жени вработени во неговата компанија, при избувнувањето на скандалот во октомври 2017 година ги отфрли некои од обвинувањата, се извини за „нанесената болка“ на другите и замоли за „втора шанса“.
Меѓу многубројните признанија, Вајнстин е и добитник на Оскар за филмот „Вљубениот Шекспир“. Со братот Боб прво ја основале продуцентската куќа „Miramax“ којашто во 1993 година ја продадоа на компанијата „Walt Disney“ а во 2005 година ја основаа „Weinstein Company“, уште едно филмско и телевизиско студио.
The New York Times во 2017 година објави дека еден од најмоќните продуценти во Холивуд, 65-годишниот Харви Вајнстин со децении сексуално ги вознемирувал одредени актерки, а тоа доби и политичка конотација, откако неговите постапки за коишто сведочат холивудските ѕвезди како Ешли Џад, Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу, Мира Сорвино, Розан Аркет, фрлија дамка врз Демократската партија чиј финансиер била компанијата на Вајстин.
Поради ваквите поразувачки сознанија, Демократската партија објави дека дел од тие пари ќе донира во организациите за поттикнување на политичкиот активизам меѓу жените. По овој повод тогаш се огласија и поранешната кандидатка на американските демократи за претседател на САД, Хилари Клинтон, како и нејзиниот сопартиец поранешниот претседател Барак Обама. Клинтон на Twitter објави дека е „шокирана и запрепастена“ и дека „однесувањето какво што го опишуваат жените кои проговориле не може да се толерира“. Обама и неговата сопруга Мишел, пак, истакнуваат дека се згрозени.