Апели до албанските власти да се повлече законот за онлајн медиуми

Четири меѓународни медиумски организации ја повикаа во средата албанската влада да се откаже од два предлог-закона за државна регулатива и задолжителна регистрација за онлајн медиуми, коишто планира да ги усвои наводно во борба против лажните вести.

Во писмо до премиерот Еди Рама и министерката за правда Етилда Ѓонај, Европскиот центар за слобода на медиуми, Европската федерација на новинари, Репортери без граници и ПЕН Интернешнл“ побараа од албанските власти да го повлечат законот, да ги вклучат новинарите и да побараат меѓународна помош во изработка на нови закони.

Во писмото се укажува дека во демократските земји „онлајн медиумите се саморегулирани“.

Во октомври и ОБСЕ изрази загриженост поради новиот систем за регистрација за медиумски интернет страници во Албанија.