Апликации до 15 јануари за еко училиште и еко градинка

еко

Програмата ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, а се имплементира  преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

Главна придобивка од Програмата е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување.

Со членство во мрежата, еко-училиштата и еко-градинките добиваат можност за учество во национални и интернационални натпревари, можност за аплицирање со проекти, можност за добивање финансиска поддршка, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко и многу други поволности.