Апликација „МојДДВ“ создаде проблеми кај граѓаните

Низа проблеми со мобилната апликација за скенирање фискални сметки и поврат на ДДВ. Граѓаните тврдат дека апликацијата има бројни маани – не можеле да стават било кој пин што започнува со нула, да променат пин, да скенираат фискална сметка со лош принт на бар кодот и слично.
Дел од нив реагираат дека откакко скенирале фискалната сметка, не добиле информации за платениот ДДВ и се прашуваат на кој начин ќе се пресметува повратот и дали ќе имаат увид во износите на сметките.

Во коментарите на корисниците дел од нив сепак  ја фалат апликацијата како лесна и едноставна за управување.

 

Од УЈП велат дека граѓаните можат да се заштитат ако продавачите, келнерите и сите што издаваат фискални сметки, направат некоја манипулација и ги скенираат сметките пред да им ги врачат. Апелираат луѓето да побараат поништување на сметката и издавање нова.

За потсетување, апликацијата „Мој ДДВ“ е се уште недостапна за корисниците на Ајфон. УЈП чека на одобрување на апликацијата од „Apple“.

Управата, дополнително постави 36 киоск апарати во канцелариите на УЈП ширум земајава на кои ќе може да се скенираат фискалните сметки.

Право на поврат на ДДВ, има секој над 15 години, со сметка во банка и регистриран во електронскиот систем на УЈП.

Апликацијата не ги чита сметките без баркод и фискалните издадени од фирми што не се ДДВ обврзници. Такви се дел од таксистите и малите продавници и бутици.