Јапонец осуден на смрт за убиство на 36 луѓе во подметнување пожар во студио за анимација

Јапонец е прогласен за виновен и осуден на смрт во четвртокот за подметнувањетп пожар и убиство на 36 луѓе во познатото студио за анимација во Кјото во 2019 година, објави јавната телевизија NHK.

Смртоносниот напад на студиото со седиште во Кјото, познато како „KyoAni“, предизвика шок не само во Јапонија каде што злосторствата се ретки, туку и во странство со оглед на големата база обожаватели на анимето и сериозноста на злосторството.

Шинџи Аоба, кој сега има 45 години, го запалил студиото поливајќи го со бензин влезот на зградата. Покрај жртвите, во нападот се повредени и 32 лица. Самиот Аоба се здоби со тешки изгореници и беше подложен на интензивно лекување речиси една година.

Медиумите објавија дека Аоба му забележувал на студиото, познато по серијата „Violet Evergarden“ и други популарни дела, за плагијат на неговиот роман, што од „KyoAni“ го отфрлија.

Столб на јапонската поп култура, анимето стана главен културен извозен производ, освојувајќи обожаватели ширум светот.

Инцидентот предизвика тогаш јавни изрази на сочувство од светските лидери и бизнисмени како што се канадскиот премиер Џастин Трудо и извршниот директор на „Apple“, Тим Кук.

Јапонија и САД се единствените земји од групата, како што се нарекува себесо – седумте најразвиени демократии – Г7 кои извршуваат смртна казна.