Јапонија размислува за тоа да го продолжи работниот век на нуклеарните централи и да изгради нуклеарки од новата генерација, изјави во средата јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Тоа претставува радикален пресврт во однос на претходната официјална политика дека нема да се градат новите нуклеарките, бидејќи Јапонија се наоѓа во сеизмички силно активно подрачје. Официјалната одлука за новата политика ќе биде донесена до крахот на годината.
Постојните нуклеарни централи ќе можат да работат уште повеќе од 60 години. Работниот век на нуклеарките е ограничен на 40 години, но дозволено е да работат уште 20 години, доколку се преземат построги безбедносни мерки.
Досега тие построги мерки ги исполнител 17 реактори од кои 10 почнале да произведуваат електрична енергија. Се работи на тоа повторно да се покренат и другите седум, рекол Кишида
Јапонија воведе построги безбедносни стандарди по силниот потрес во март 2011 година, кој предизвика гигантско цунами кој тешко ја уништи нуклеарната централа во Фукушима.
Јапонија, третата според обемот светска економија, сака до 2030 година да произведува меѓу 20 и 22 отсто од електричната енергија во нуклеарните централи. Тоа, сепак, ќе биде пониско од нивото пред катастрофата во „Фукушима Даичи“.