Јапонија евакуираше свои граѓани од Судан и ја затвори амбасадата

Јапонија евакуираше 45 свои граѓани и нивните сопружници од Судан и привремено ја затвори амбасада, соопштија денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида и други функционери.
– Вкупно 45 лица беа префрлени од источен Судан во Џибути со транспортен авион Ц2 испратен од јапонските сили, изјави Кишида утрово.
Тој додаде дека уште четворица јапонски државјани го напуштиле Судан и заминале за Џибути и Етиопија со помош на Франција и меѓународни организации.
Неколку часа подоцна, јапонскиот министер за надворешни работи рече амбасадата е привремено затворена по евакуацијата на персоналот.
Јапонија соопшти дека околу 60 нејзини граѓани биле во Судан пред да одлучи да ги евакуира.
Повеќе земји ги враќаат своите граѓани од Судан, каде што повеќе од една недела беснее вооружен конфликт меѓу армијата и паравојската.