Јапонија ги затвора границите за граѓаните од 21 држава

Јапонија воведува забрана за влез на странски патници кои доаѓаат од 21 европска земји и од Иран, во рамките на зајакнати мерки за сузбивање на ширење на новиот коронавирус, изјави премиерот Шинѕо Абе.

Јапонија веќе ги затвори границите за странски патници од делови од Кина и од Јужна Кореја, кои на почетокот од пандемијата беа најпогодени со Ковид-19.

Исто така, Јапонија ќе ги суспендира визите кои се веќе издадени за граѓаните од земјите од Југоисточна Азија, Блиски Исток и Африка.

Мерката ќе стапи во сила на полноќ и ќе трае до крајот на април.

Забраната за влез во Јапонија важи за граѓаните на Андора, Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Италија, Иран, Ирска, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвшка, Португалија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Ватикан.