Јапонија го забележа најтоплиот септември во историјата, објави тамошната метеоролошка агенција.
Јапонската метеоролошка агенција доцна синоќа соопшти дека просечната температура во септември била 2,66 степени над просечните температури.
Ова е највисоко од почетокот на водење статистика во 1898 година, наведува агенцијата. Топлото време се очекува да продолжи во текот на зимата до февруари.
Истражувањето на метеоролошката агенција на 914 локации низ земјата откри дека Јапонија забележала температури од 35 степени Целзиусови или повеќе на 385 локации.
Температурите го надминаа претходниот рекорд поставен во 2012 година, кога живата порасна за 1,51 степен над просечните рекорди.