Јапонија и Австралија најуспешни по вториот натпреварувачки ден на ОИ

Со по четири освоени златни медали, Јапонија и Австралија се водечки во поредокот на земји кои освоиле медали на Олимписките Игри во Париз.

Со по три злата од третата до шестата позиција се САД, Франција, Кореја и Кина. Италија, Казахстан, Белгија, Германија, Хонгконг и Узбекистан освоија по едно златно одличје.

Вкупно 21 држава се закити барем со еден медал, најмногу имаат Американците вкупно 12.